25. јули 2007. – Деветте песни на македонски јазик, кои се основа на новото CD на Тоше Проески – Игри без граници, ексклузивно ќе можете да ги преслушате веќе сега. По триесеттина секунди од песните можете да ги најдете во секцијата дискографија.Албумот Игри без граници е на печатење во Белград, а во продажба во Македонија, Србија и во Хрватска, ќе се појави на истата дата - 1. август 2007.
Но, тоа не е се. Спотот за Волим осмијех твој ексклузивно можете да го симнете од сајтот Индекс.хр, а на истата страница ќе можете да ја слушнете и mp3-ка од хрватската верзија на песната Никој како тебе не бакнува (Убијаш ме уснама), која е најавен сингл за Игри без граници на просторот на поранешна Југославија.